Јунајтед и Севиља стартуваат од „нула“, Рома ќе брка негатива со Шахтјор од 1-2

Јунајтед и Севиља стартуваат од „нула“, Рома ќе брка негатива со Шахтјор од 1-2
Вниманието на европската фудбалска јавност вечерва ќе биде насочено кон Манчестер и Рим каде вечерва се играат реванш дуели од осминафиналето во Лига на шампиони. 
 
На „Олд Трафордф“ Манчестер Јунајтед ја пречекува шпанската Севиља, во меч кој ќе започне од „нула“ откако првата средба на „Рамот Снчез Пицхуан“ стадионот заврши без постигнат гол.
 На „Олимпико“ во Рим, каде ќе се игра вториот дуел, Рома ќе ја пречека екипата на Шахтјор, во дуел во кој домаќините ќе влезат со негатива од 1-2 по првиот меч одигран во Украина.
 Двата натпревари стартуваат од 20.45 часот,термин во кој утревечер ќе се играат средбата меѓу Барселона и Челзи (1-1 на првиот меч), додека од 18 часот утре во Истанбул, Бешикташ ќе има невозможна мисија во дуелот против Баерн кон на првиот меч во Минхен славеше со убедливи 5-0.
 Потсетување, дека пласман во четвртфиналето веќе обезбедија: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ливерпул и Јувентус.