Јунајтед ќе го купи Халанд

Јунајтед ќе го купи Халанд

Манчестер јунајтед ќе го купи норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд од Ред Бул салцбург за 76 милиони фунти уште зимава, но ова засилување нема да го користи за вториот дел од сезоната, најавија англиски медиуми, повикуваќи се на информации од „Олд Трафорд“.

Според медиумите, Оле Гунар Солшер и раководството го ставиле Халанд како приоритет за ангажман, па за младиот 19-годишен фудбалер ќе издвојат вистинско богатство за да го добијат, а според оекувањата договорот треба да се заокружи веднаш после Нова година. Но, Халанд веднаш нема да дојде на „Олд рафорд“, туку Јунајтед ќе го остави на шестмесечен заем во Ред Бул Салцбург и од лето ќе го има во својот тим.

Ова било компромисното решение на Јунајтед и Салцбург за младиот талент, зашто Австријците не сакале да се откажат од неговите услуги среде сезона, особено откако даде 24 гола на 22 меча, а испиша историја во ЛШ. Халанд сака да игра во Јунајтед и тоа веќе од пред неколку дена го објавија англиските медиуми.

Ред Бул Лајпциг, сестринскиот клуб на Салцбург имал опција да го ангажира Норвежанецот за 20 милиони фунти и беше најавено дека ќе ја искористат „опцијата“, но Јунајтед очигледно свесен да не им избега талентот, тргнале во ваква операција за да го осигураат доаѓањето на еден од најталентираните голгетери во моментов.