Јовиќ сака да остане во Ајнтрахт!

Јовиќ сака да остане во Ајнтрахт!

Српскиот фудбалер, Лука Јовиќ по спектакуларната сезона во Ајнтрахт се поврзува со трансфер во многу европски гиганти.

Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус и уште многу тимови застанаа во редот за негов ангажман, но по се изгледа тој ќе остане во градот покрај Мајна и следната сезона.

Тоа го потврди и неговиот татко кој посочи дека доколку Ајнтрахт се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, Лука со сигурност ќе остане во Германија.

Има голем интерес за Лука вклучувајќи го и оној од Барселона, но тој не е заинтересиран. Не знае дали ќе игра таму. Тој сака да се квалификува во Лигата на шампионите со Ајнтрахт и да остане тука, – истакна таткото на Јовиќ во интервју за германскиот Билд.