Јовиќ нема да биде подготвен за стартот на новата сезона

Јовиќ нема да биде подготвен за стартот на новата сезона

Екипата на Реал Мадрид како да ја фати некое проклетство па од меч во меч во рамки на подготовките се соочува со повредени на своите фудбалери.

Еден од оние кои настрада е новиот напаѓач, Лука Јовиќ кој летово пристигна од Ајнтрахт Франкфурт. Српскиот фудбалер по деталните лекарските прегледи дознал дека има посериозна повреда на скочниот зглоб и ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Тоа значи дека Јовиќ нема да биде подготвен за стартот на новата сезона која ќе започне на 17 август.

Јовиќ кој се повреди на мечот против Атлетико Мадрид би пропуштил три до четири меча на стартот на новиот шампионат.