Јована Јоксимовиќ прозборе за сериозните и тешки компликации во бременоста

Јована Јоксимовиќ прозборе за сериозните и тешки компликации во бременоста

Јована Јоксимовиќ при една прилика поради компликации итно морала да го напушти работното место, а дури сега признава дека ова воедно и бил и најтежок ден на работа.

-Се случи на самиот старт на бременоста со Ана и Срна. Имав сериозни и тешки компликации. Поради тоа едно утро морав да го напуштам студиото и право од таму да одам кај лекар.

Беше многу страшно, плачев цел пат и во наредните неколку недели лежев и мирував-раскажува Јована која е познато ТВ лице во соседна Србија и сопруга на познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ.

Имено семејството Јокимовиќ овие денови имаше убав повод за прослава, и ги собраа бројните пријатели, колеги и роднини.

Жељко и Јована го прославија роденденот на синот Коста во една игротека, а популарниот пар на наследникот му подари не само богата прослава туку и велосипед.