Јотовски поразен во четвртфиналето

Томислав Јотовски го заврши својот настап на силниот фјучерс во Трст, Италија.

Тој и неговиот партнер Аугусто Вирџили (Италија) беа совладани во четвртфиналето од страна на четвртите носители Томислав Бркиќ и Милан Радојковиќ со 2-1 во сетови со 6-3, 3-6 и 7-10 по еден час и 11 минути игри.

Овој турнир се игра на земјени терени за награден фонд од 25 илјади американски долари.