Јордан Минчев новиот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

Бугаринот Јордан Минчев од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром. Тој доаѓа како позајмен играч од таборот на европскиот шампион Фенербахче.

Станува збор за 19-годишен кошаркар кој игра на позициите бек-шутер и ниско крило и кој лани потпиша шестгодишен договор со тимот од Истанбул како една од идните ѕвезди на турскиот гигант.

Ангажманот на Минчев е плод на добрата соработка на МЗТ Скопје Аеродром со челните луѓе на Фенербахче, која би требало и да се засили во периодот кој претстои. Тој е веќе во Скопје, ќе биде дел од експедицијата која утре ќе замине за Белград на задутрешниот меч против ФМП, но дебито во сино-белиот дрес ќе го има следниот понеделник во мечот од 3. коло од АБА-лигата на домашен терен против Задар, информираа од таборот на македонскиот шампион.