Јирген Клоп задоволен од прикажаното

Јирген Клоп задоволен од прикажаното

Ливерпул оствари важна победа на стартот од Лигата на шампионите откако на домашен терен го победи ПСЖ со 3:2, а стрелец на решавачкиот гол беше Роберто Фирмино во судиското надополнување на вториот дел.

Немаше ама никакви шанси да игра претходниот ден (понеделник). Утрото на денот на натпреварот ми пријде и ми кажа дека е ОК и дека може да го отвори окото. Имаше и еден тест и беше во ред – изјави менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп.

Тој се осврна и на стартерот на овој дуел Даниел Стариџ.
Убаво беше да се гледа Даниел на теренот, одигра 100 отсто од своите можности што е важен знак за него и за нас за продолжението на сезоната.

Инаку, Фирмино беше неизвесен за дуелот откако во сабоата на натпреварот со Тотенхем беше повредено неговото око.