Јирген Клоп изјави одиме на победа

Јирген Клоп изјави одиме на победа

Јирген Клоп, на денешната пресконференција пред утрешниот мега дуел против Јунајтед во Манчестер, истакна дека нивна цел е добар резултат и победа.

Поранешниот тренер на Дортмунд смета дека ова е моментот кога неговата екипа треба да излезе на Олд Трафорд и да победи и дека игра против добар и квалитетен Манчестер Јунајтед.

Ова е секако најголемиот натпревар кој можам да го замислам. Мора да бидеме максимално подготвени, ова е вистинскиот момент да одиме на Олд Трафорд, а Манчестер Јунајтед е во предност поради домашниот терен.

Тие се искусен тим, каков што им е и тренерот, а пред нас е голема задача и обврска. Ние сакаме да оствариме добар резултат и со таа цел одиме во Манчестер, тие се физички подобро подготвени, па затоа ние мора да креираме простор – изјави Клоп.