“Jingle Bells” е мрачна песна со лоша приказна!

“Jingle Bells” е мрачна песна со лоша приказна!

“Jingle Bells” е една од најпопуларните божиќни песни, но малкумина знаат дека оваа песна воопшто не зборува за Божиќ, а e далеку и од весела семејна песна.

Таа била оригинално создадена во 1850-тите години за американскиот Ден на благодарноста, а настанала во една крчма во Медфорд, недалеку од Бостон, пишува “CBC”. Во Медфорд во тоа време се одржувале трки на санки кои биле влечени од коњи, а дивеењето токму на тие трки било инспирација за “Jingle Bells”, објаснила Кајна Хамил, професорка од универзитетот во Бостон и потпретседателка на тамошното историско друштво.

Таа раскажала и детали од животот на Џејмс Лорд Пиерпонт, автор на песната.

“Тој всушност бил кретен. Постојано го оставал своето семејство. Кога тргнал на запад во потрага по злато, Џејмс оставил на својот татко да се грижи за неговата сопруга и деца. Кога сопругата во меѓувреме починала, тој ги напуштил децата и набрзо повторно се оженил. Наводно, Пиерпонт не се ни појавил на погребот на својата сопруга”, раскажала Хамил.

Песната за која повеќето луѓе мислат дека е убава божиќна песна всушност е песна за опивање, тврди таа.