Јелисавета Орашанин прв пат за бракот со Милош

Јелисавета Орашанин се омажи за Милош Теодосиќ на 25 Јуни во Белград, после неколку месечна врска.

Иако во јавноста се шпекулираше за причините за брзата венчавка, бидејќи на почетокот на годината раскина со актерот Вук Костиќ, актерката откри дека сето тоа го направила од љубов.

Многу луди работи имам правено поради љубов. Не би наведувала сега, поради тоа што листата е голема – изјави таа.

Таа не мисли дека е лудо тоа што во брак влегла толку брзо.

Тоа не е лудо. Да, се омажив. Јас некако не размислувам многу, така одам низ животот. Што чуствувам тоа го правам. Па ете така, се заљубив и се омажив.