Јелена Томашевиќ одржа незаборавен концерт

Јелена Томашевиќ одржа незаборавен концерт

Јелена Томашевиќ одржа феноменален концерт во Белград. Талентираната пејачка ја забавуваше и разнежнуваше огромната публиката во Сава центарот.

35-годишната музичка ѕвезда изгледаше како модерна принцеза во креација во лаванда нијанса. Во еден момент, на сцената се појави нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ и заедно танцуваа, додека таа ја пееше песната „Златни дан“.

Овој романтичен момент беше овековечен со фотографии и видеа. Заљубениот пар со бакнеж го заврши танцот. Јелена не можеше да си ги задржи солзите кога публиката го прекина концертот за да ѝ даде громогласен аплауз.