Јелена Карлеуша снима дует со трансвестит од Јужна Америка

Јелена Карлеуша снима дует со трансвестит од Јужна Америка

Јелена Карлеуша ќе снима нов дует со најголемата латинска музичка ѕвеазда, трансвеститот Пабло Витара.

Имено, поп-ѕвездата најверојатно ќе сними дует со контроверзниот музичар, чиј негов најхолем хит на Јутјуб брои скоро половина милијарда прегледи, додека на Инстаграм го следат 10 милиони следбеници.

– Јелена чекаше скоро девет години за нов албум, бидејќи со него сака да се пробие на светскиот пазар. Таа веќе долго работи на новата песна со Пабло – изјавил извор близок до пејачката.

Првиот чекор е направен пред пола година, кога се заследиле на Инстаграм. Пабло прв и испрати порака на Јелена, го пофалил нејзиниот стајлинг и рекол дека во нејзините фотографии честопати знае да најде инспирација за своите комбинации. Карлеуша му вратила со комплимент дека е талентиран и храбар. Тие започнаа секојдневно да се допишуваат и да си ги лајкнуваат фотографиите, се додека еден ден не си предоложиле дует – раскажал изворот.

View this post on Instagram

summer girl ✨

A post shared by Pabllo Vittar ✨ (@pabllovittar) on

– Многу брзо се договорија тоа да биде хип-хоп песна, а бидејќи живеат на два краја од светот, таа својот дел ќе го сними во Белград, а тој во Бразил. А, потоа спотот ќе се сними во Рио де Жанеиро.

Јелена неодамна најави дека новата песна нема да биде на српски јазик, но тогаш не кажа дека ќе соработува со бразилскиот транвестит.