Јелена Карлеуша се разведува!?

Јелена Карлеуша се разведува!?

Гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат повторно станаа актуелни.

„Душогрижниците“ не престануваат да шпекулираат дека во бракот на популарната пејачка не цветаат ружи. Имено, гласините се засилија откако Душко замина на одмор со девојчињата, и тоа во Дубаи, каде што традиционално одат секоја година, но овој пат Јелена не беше со нив.

Упатените тврдат дека ова е првпат сопружници да не заминат заедно на одмор со своите ќерки.

Дали навистина станува збор за проблеми во рајот или, едноставно, годинава поради обврските, Душко и Јелена се принудени одделно да одмораат со своите ќерки, времето ќе покаже. Засега и двајцата се немаат огласено по тој повод.