Јелена Карлеуша ќе го тужи Огњен Врањеш

Јелена Карлеуша ќе го тужи Огњен Врањеш

Јелена Карлеуша е во очите на јавноста поради аферата со фудбалерот Огњен Врањеш, но одлучи да не се огласува повеќе, туку да ја бара правдата на суд.

Како што пишува во локалните медиуми, поп-ѕвездата одлучи да поднесе кривична пријава против босанскиот фудбалер.

Поради стресот што го претрпела за време на целата афера, таа одлучи да поднесе кривична пријава и тужба против Врањеш, а главната причина е дека Врањеш им кажал на медиумите и социјалните мрежи дека бил во врска со пејачката, но исто така објавил фотографии за кој тврдел дека таа ги испратила.

“Ние кои ја познаваме Јелена, знаеме дека Врањеш со месеци ѝ се заканувше дека ќе и го уништи бракот, а сега тој почна со намера да го стори тоа, но не му успеа, па таа не очекува дека ќе се смири во иднина “, изјави изворот близок на Јелена.

Поп дива ќе настапи на MAC наградите во вторникот вечерта, кога премиерно ќе ја изведе новата песна LaJK.