Јапонски дизајнер ја освои публиката со интересен цветен потег!

Јапонски дизајнер ја освои публиката со интересен цветен потег!

Младиот јапонски дизајнер Ноар Кеј Ниномија  ја разби драматичната црна монотонија на својата прва ревија во Париз со шарени букети од кои некои завршија на лицето на манекенките.

Ревијата на Ниномија беше одржана во малата сала на Факултетот де Фармаси де Парис, која не била доволна за публиката на речиси непознатиот дизајнер.

Колекцијата на младиот дизајнер се состои од парчиња облека со различен материјал, контрастни структури и интересни детали. Манекенките носеле црни кожни јакни, чипкасти фустани, здолништа од тил, свилени кошули.

Многумина би помислиле дека црната колекција изгледа уморено и еднолично, но Ноар успеал да направи интересни комбинации кои ниту во еден момент не изгледале монотоно.

Најинтересниот дел на ревијата биле огромните букети поставени преку лицата на манекенките. Изгледаше како да не знаат како да се движат по пистата. Меѓутоа, љубителите на овие модни детаљи сметаат дека тоа било симпатично и им се допаднало, па Ниномија за следната ревија ќе мора да бара поголема сала.