Јан Облак ќе потпише нов договор со Атлетико!

Јан Облак ќе потпише нов договор со Атлетико!

Атлетико Мадрид и голманот Јан Облак се блиску до потпишување нов договор, објавија во вторникот шпанските медуми.

Облак има договор со Атлетико до јуни 2021 година. Откупната клаузула во актуелниот договор изнесува 100 милиони евра. Овој договор Словенецот го потпишал во 2016 година.

За Облак интерес покажуваат неколку врвни европски тимови, поради што челниците на клубот се решени да ги подобрат условите во неговиот договор и да ја зголемат клаузулата за откуп.

Облак е еден од најдобрите голмани во светот. Атлетико за неговите услуги пред четири години на Бенфика и плати 16 милиони евра. Словенецот во последните четири години трипати ја доби наградата Замора, која шпанската Ла Лига му ја доделува на голманот што примил најмалку голови во сезоната.