Ја имаме виновничката за распаднатиот брак на Бредли Купер и Ирина Шајк

Ја имаме виновничката за распаднатиот брак на Бредли Купер и Ирина Шајк

Кога сите мислеа дека Лејди Гага е главната виновничка за распаѓањето на бракот на Бредли Купер и Ирина Шајк, се случи неочекуван пресврт. Според американските медиуми, љубовницата на Бредли Купер била познатата актерка Џенифер Гарнер.

Џенифер Гарнер е холивудска актерка која е позната како поранешна сопруга на Бен Афлек, а со Бредли Купер важат за добри пријатели кои се познаваат уште од 2001 година кога заедно снимале серија.

Celebrity Hash порталот кој често објавува интересни стории за најпознатите личности во светот, напиша дека Џенифер и Купер често се среќавале во тајност во куќата на Бредли Купер во Лос Анџелес.

Дали се ова шпекулации или не, останува да видиме…