Израелската убавица Гал Гадот ја краси насловната на Vogue

Израелската убавица Гал Гадот ја краси насловната на Vogue

На насловната страница на американското списание Vogue се најде популарната израелска филмска ѕвезда Гал Гадот.

Актерка го слави својот 35-ти роденден на крајот на месецот, а најубавиот подарок го доби токму од ова американско списание. Таа позираше пред објективот на контроверзната и ексцентрична фотографка Ени Лејбовиц за мајската корица на најиконскиот светски моден магазин.