Израел e победник на Евровизија 2018

Вчера се одржа финалето на 63-тото издание на Евровизија во Лисабон, Португалија.

Гламурозна сцена, четири прекрасни водителки, одлична публика, славење на различностите и многу талент ни подари годинава најголемото музичко натпреварување.

На сцената видовме впечатливи настапи, многу енергија и завидни вокални способности на голем дел од натпреварувачите, а победата со 529 поени ја понесе претставничката на Израел Нета со песната „Toy“.

На второто место се најде Кипар, а на третото Австрија.