Изолиран рај во Португалија

Изолиран рај во Португалија

Сместен во внатрешноста на Синтра Касаис националниот парк, со поглед на португалскиот атлантски брег, хотелот „The Oitavos“ со пет ѕвездички е вистинско шик место за одмор.

Овој хотел се наоѓа на само 20 минути од Лисабон и од аеродромот. Има 142 соби кои се совршени и за деловни луѓе и за оние кои бараат малку одмор во многу луксузно одморалиште.

Овој хотел ви нуди многу опции за фантастичен одмор како што се разни понуди за храна, спа услуги и конференциска сала опремена со најмодерни елементи.

Овој хотел, исто така, го карактеризираат и јавачките услуги и „Oitavos Dunes“ голф теренот кој многу добро котира на светската листа на најдобри голф терени.

Гостите од овој хотел ќе можат да уживаат во екстравагантните и енергични култури од различни градови, како што се Лос Анџелес, Њујорк и Париз.

Ќе имате чувство како да сте во некоја друга светска метропола и ера. Од времето на џезот и соул музиката, до ритамот на самбата и румбата, уживањето во овој хотел е загарантирано.