Изложба на интерактивна уметност PlayUK Arcadia 2018 во Скопје

Изложба на интерактивна уметност PlayUK Arcadia 2018 во Скопје

Британски совет ја организира изложбата на интерактивна уметност PlayUK Arcadia 2018 во Скопје од 29 октомври до 4 ноември, што ќе се одржи во Музејот на современа уметност – Скопје и Младинскиот културен центар (МКЦ).

Посетителите ќе имаат можност да ги видат, а уште поважно да ги пробаат најновите изуми во областа на виртуелна реалност, видео игри, користење на податоци, човекови права и музика. Со овој настан ја истражуваме темата на уметноста во 21. век и како технологијата и уметноста може да соработуваат за да создадат тродимензионални и интерактивни уметнички искуства. Настанот е бесплатен и интересен за сите возрасти.