Изгледот на новиот Maserati Levante GTS

Изгледот на новиот Maserati Levante GTS

Новиот Maserati Levante GTS за втор пат е забележан на шпионски фотографии за време на негово тестирање, овој пат во зимски услови.

Ривалот на The Porsche Cayenne Turbo се очекува да има над 500 коњски сили кога ќе пристигне на пазарот на средината на 2018-та.Покрај вообичаената замаскираност со шарената фолија, Levante GTS моделот забележан на овие слики има исто така замаскирани (и најверојатно зголемени) отвори за воздух, како и скриени издувни цевки. Репортерот кој го сликал изјавил и дека слушнал препознатлив звук на V8 мотор.

И покрај тоа што на располагање имаат бензински и дизел V6 мотори, Maserati во овој модел ќе го користат 3.8 литарскиот twin-turbo V8 на Ferrari кој веќе го користи Maserati Quattroporte GTS, а кој е со моќност од 530 коњски сили, 700Nm вртежен момент, забрзување од 0-100км/ч за 4.7 секунди, а максималната брзина му е 307км/ч.

Levante GTS ќе биде за 200кг потежок од Quattroporte, повисок, како и со помалку аеродинамична форма на каросеријата, па така за да ги реплицира овие бројки моќноста ќе треба да му биде поблиску до 550 коњски сили (колку што има новиот Porsche Cayenne Turbo).

Според цената на сегашниот Levante V6 S GranSport (која изнесува околу 86 500 евра), без сомнение Levante GTS ќе чини над 90 000 евра кога ќе се појави на пазарот.