Избран е најсекси маж за 2019

Избран е најсекси маж за 2019

Џон Леџенд  може да се гордее со уште една титула.

40-годишниот пејач беше избран за Најсекси маж на светот за 2019 од страна на списанието People.

„Бев возбуден, но истовремено и малку исплашен бидејќи притисокот е голем. Сите ќе ме анализираат за да видат дали сум доволно секси за да ја носам оваа титула“ – изјавил тој.

Минатата година, Леџенд стана една од 15-те ѕвезди кои досега успеале да се закитат со статусот ЕГОТ, односно да имаат добиено Еми, Греми, Оскар и Тони награди.

Во интервјуто, талентираниот музичар изјави дека се чувствува најсекси откако ќе се врати дома по вечерно излегување на кое испил неколку чаши вино. Џон е во брак со моделот Криси Тиген и заедно имаат две деца.