Италија поразена од Шпанија со 3:0!

Фудбалската репрезентација на Италија, синоќа загуби во Мадрид од Шпанија со 3:0, што е прв квалификациски пораз на Азурите по цели 11 години.

Италија до дуелот во Мадрид немаше пораз на 56 натпревари во квалификациите за светско или европско првенство, а последен пат била поразена на 6.септември 2006 година од Франција 3:1.

Од играчите кои играа пред 11 години, синоќа во Мадрид на теренот беа Џиџи Буфон, кој го одигра 170 натпревар за Италија и стана европски рекордер, односно Андреа Барзаљи.

По поразот од Шпанија, Италијаните речиси и да немаат шанса да стигнат до првото место во групата, туку својата шанса за пласман на Мундијалот ќе ја бараат низ баражот.