#Истражуваме #ЛетоBоМакедонија #Струга

#Истражуваме #ЛетоBоМакедонија #Струга

Уживаме во Струга

Сакате место што ќе има песочна плажа, чисто езеро, река, манастири, симпатичен град и живописни села? Тогаш одете во Струга. Таму ќе ви кажат дека езерото поубаво го личи од Охрид и дека нивната риба е повкусна.

Како Струга нема друга

Вистина е дека како Струга нема друга. Тука на релативно мал простор е остварен вонвременски спој на природните убавини културното наследство. Струга е позната по многу работи, како на пример, мостовите каде секое лето младите ги користат како скокалница во реката Дрим, струшките вечери на поезијата, автеничната архитектура, традиционалните кафанчиња покрај шеталиштето итн.

1

Струшки вечери на поезијата

На секој љубител му е познато дека Струга секоја година собира над 50 значајни и звучни поетски имиња од ширум светот на Струшките вечери на поезијата. При крајот на месец август почнува средбата на поетските великани кои се собираат токму во Струга за да и оддадат почит на поезијата. Се надеваме дека и оваа година ќе имаме можност да го посетиме овој фестивал и да ја слушнеме познатата T’га за југ од единствениот Константин Миладинов.

2

Чудата во Калишта

Манастирскиот комплекс во Калишта го сочинуваат четири светилишта. За чудата во манастрите се слуша надалеку. Овде е сместена една од највредните и најпознатите икони на Балканот – Богородица во црно. Во дворот на овој манастир ќе наидете и на чинарот од времето на Цар Самоил, стар 700 години. Местото е навистина магично и спокојно, така што доколку планирате патување во овој регион не заборавајте да го додадете во листата.

3

Пештерната црква во Радожда

Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро се наоѓа струшкото село Радожда, сместено на неколку чекори од бистрата езерска вода и во прегратките на прекрасната природа која се издига над него. Пештерната црква св. Архангел Михаил во село Радожда е волшепство на дланка, убавина која освојува и мора да се посети. До неа се стигнува преку стотици мали скалички, кои кога ќе ги искачите одеднаш ќе заборавите на заморот, опиени од глетката која ќе се испружи пред вас. Езерската вода од таму горе изгледа волшебно. Нијансите на сина, зеленкаста и тиркизна боја оставаат без здив.

4

Највкусната риба во Македонија

Кога веќе сте во Радожда не смеете да пропуштите да ја пробате највкусната риба. Има неколку кафеани долж ривиерата, сите се одлични, нема да промашите во којa и да отидете. Значи во Радожда се јаде риба , риба и само риба… и секако, макало.

5

Вевчани

Вевчани е едно од најавтентичните села во струшкиот регион, кое се наоѓа во пазувите на планината Јабланица опкружено од густа шума и природна вода. Тука може да се почувствува атмосферата на животот од почетокот на 20 век. Турата околу Вевчани ве води низ атрактивната архитектура и култура на селото како и до познатите Вевчански извори.

image
***

Ве поздравуваме и едвај чекаме да ве видиме во Public Room! Имајте убав ден!

 

Содржината е превземена од PUBLIC ROOM SKOPJE.