#Истражуваме #ЛетоBоМакедонија #Преспа

#Истражуваме #ЛетоBоМакедонија #Преспа

Дали ви се допадна нашето претходно истражување?

Доколку да, продолжете да го читате овој е-маил бидејќи овој пат ви испраќаме неколку интересни содржини за уште еден регион во нашата земја. Високи планини, котлина, езеро, остров… Синило кое за момент ги засенува зелените површини и карпестите височини. Иако денес ни одблизу не е она езеро кое го паметат постарите, тоа сѐ уште плени и повикува за посета. Ви ја претставуваме ПРЕСПА!

Мал “Версај”

 

 

 

Ресен е познат како град на грнчарство. Tаму се наоѓа познатиот сарај на Нијази Бег, еден од водачите на младотурската револуција. Нијази Бег студирал во Париз и кога се вратил во Ресен посакал да има копија од парискиот Версај, па за себе го изградил објектот во кој денес е сместена познатата ресенска керамичка колонија, која изобилува со експонати изработени од врвни уметници- керамичари од целиот свет. Овие експонати се изработени од најпознатата ресенска глина.

Чист воздух и природна бања

Туристичката населба Отешево која е оддалечена 16км. од Ресен и се наоѓа на Преспанското езеро, само по себе е природна бања и нуди одлични услови за одмор. Во близина на автокампот Отешево со сигурност нема да наидете на загадувачи на воздухот што значи дека овој простор е чист, богат со озон, селен и други природни благородни гасови.

Dupeni Beach

Уште една домашна дестинација од овој регион која без размислување треба да ја посетите е прекрасното село Долно Дупени. Што прво да направите во таму? Да отидете на “Dupeni Beach”, каде покрај телото, ќе ви се стопли и срцето. Има занесна убавина која смирува и расположува. Освен ладно пиво или сок, може да пробате и вкусно приготвени скари, риба, крап, белвици… а ако погледенте накај езерото ќе го уловите осторовот на змиите “Голем Град” заедно со прекрасниот сончев залез.

Бисерот на Преспа

Манастирот Св. Ѓорѓи е ренесансниот бисер на Преспа. Со скромната надворешност и раскошната ренесансна внатрешност, во пазувите на Баба планина со векови стои домот на Ангелот од Курбиново. Преданието вели дека е поставен на стари темели кои датираат од 9-от век. Овој манастир е заштитен од УНЕСКО, а во 1952г. е прогласен за споменик на културата. Ако сте во Преспа задолжително додадете го ова чудо на вашиот распоред.

Национален парк Пелистер

Националниот парк Пелистер се наоѓа помеѓу Преспанската Котлина и Пелагонија, а името го добива по највисокиот врв со 2601 мнв. Се наоѓа на планината Баба која е најјужна планина со алпски карактеристики. Ако одите на Пелистер ќе наидете на петтоигличниот бор, Молика и двете глацијални езера, Големо и Мало езеро. За љубителите на планински велосипедизам има и посебни велосипедски патеки, како и патеки за пешачење за планинарите. Пелистер располага и со детски одморалишта и детски едукативни тури, планинарскиот дом – Копанки и Димитар Илиевски Мурато.

Автентична архитектура, водопади, густа шума

6

Брајчино е село кое треба да се посети поради својата автентична архитектура од камени куќи која потекнува од 19 век. Се наоѓа на 1000 мнв и со секое вдишување ги полните градите со опојниот мирис на шумски плодови. Брајчино има прекрасна околина со пешачки и велосипедски патеки опколени со густа букова и дабова шума. Во Брајчинската река ќе видите како плива една од најстарите видови на пастрмка. После долга прошетка обавезно засладете се со мармалад, слатко или компот приготвено од жителите на ова село.

Легендата за Љубојно

Селото Љубојно според двете легенди за него своето името го добива по љубовта и е уште едно прекрасно село во овој регион. Сите оние кои имаат куќи и викендици велат дека навистина уживаат во своето време поминато во селото. Празникот Илинден во Љубојно се празнува два дена, кои се исполнети со многу култура и традиција, па доколку сте таму на почетокот на август ќе имате можност да запознаете и една поинаква страна на ова село.

Атракривните пејсажи на Галичица

7

Од Националниот парк Галичица се протегаат мошне убави глетки кон двете езера, Охридското и Преспанското езеро. Неизбежни се и атрактивните пејсажи и естетските вредности кои ги поседува Галичица. На оваа планина се наоѓа врвот Магаро со 2254 мнв. каде може да наидете на 26 ендемични видови на животни. Овој Национален парк на посетителите им нуди и бројни рекреативни и туристички содржини, падобранство, патеки за пешачење, планинарење и велосипедизам.

Голем Град

Во водите на Преспанското езеро се наоѓа островот Голем Град до кој може да стигнете со организиран превоз преку Стење и Коњско. Голем Град кој е прогласен за строг природен резерват е вистинско место за посета од љубителите и проучувачите на природата, а е и едно од најатрактивните места за оние чии интереси се насочени кон откривањето и исражувањето на остатоците на населбите од неолитот, старомакедонското и римското време (некропола) и средновековието.

***

Се надеваме дека ви се допадна она што го прочитавте. Се гледаме во Преспа ова лето?

 

 

Содржината е превземена од PUBLIC ROOM SKOPJE.