Историски пласман на Европското првенство за Македонските одбојкари!

Историски пласман на Европското првенство за Македонските одбојкари!

Одбојкарската репрезентација на Македонија синоќа за прв пат се пласира на Европското првенство откако во последното коло од квалификациите во Скопје ја победи Унгарија со 3:0.

Овој резултат на македонската репрезентација и овозможи како една од петте најдобри второ пласирани екипи да се пласира на Европското првенство кое се игра во септември годинава и тоа во четири земји: Словенија, Холандија, Белгија и Франција.