Исчезна Кевин Спејси

Исчезна Кевин Спејси

Американскиот актер Кевин Спејси веќе една година не се појавил во јавноста, а многумина се прашуваат каде исчезнал тој, бидејќи ни неговите најблиски пријатели не се сигурни што му се случува.

Актерот едноставно исчезнал откако пред една година се појавија обвиненијата за злоставување на неколку мажи кои го пријавиле во полиција. Спејси е обвинет дека во 1986 година го повикал 14-годишниот Ентони Рап кого го натерал да легне на креветот, а потоа го допирал. Кога сето тоа излезе во јавност, актерот се извини за својата постапка, истакнувајќи дека не се сеќава што се’ се случувало тогаш. По големиот притисок, Кевин признал дека е геј.

Тој на 29-ти октомври минатата година, на својот Твитер профил објавил извинување поради своите постапки, по што подолго од една година не се појавува ниту огласува во јавноста. Ова не е единствениот случај на вознемирување за кој се товари актерот – неколку помлади колеги пријавиле дека Спејси ги напаствувал во текот на снимањата, а по скандалите и обвинувањата, Нетфликс ја прекинал соработката со него и го отфрлил од снимањето на серијата “House of Cards”.

Кевин Спејси во текот на долгогодишната кариера снимил голем број филмови, а за улогите во филмовите “Usual Suspects” од 1996 година и “American Beauty” од 2000 година добил Оскар.