Iron Man летечко одело

Iron Man летечко одело

Филмовите за супер-хероите не научија дека се е возможно.

Така, за наша среќа, а благодарение на новата технологија секој еден обид за нешто ново во реалноста, а не поттсетува на изумите од тие филмови е екстремно интересено и возбудливо.

Тимот составил 6 микро гас турбини наполнети со керозин чија задача е да ја подигнат личноста во оделото над тлото. Првичните тестирања започнале со асистирани скокови со 4 мотори на рацете, но потоа биле додадени уште 2 – прво на нозете, но потоа биле префрлени на грбот, а останатите по 2 на секоја рака.
Оделото исто така има и heads-up дисплеј на кој се прикажани информациите во врска со горивото преку WiFi конекција. Се очекува оделото да може да постигне брзини од 160км/ч, а тоа може да го тестирате и самите, бидејќи ќе се продава по цена од околу $250 000. Секако, оној кој ќе управува со оделото се препорачува да е физички спремен и фит – колку за илустрација, Браунинг тежи 70кг што му овозможува да лета релативно лесно.