iPhone добива опција која е резервирана за Android

iPhone добива опција која е резервирана за Android

Надградбата на апликацијата “Gboard” ќе додаде мал “бзз” секогаш кога ќе ја допрете тастатурата.

Војната на оперативните системи Android и iOS веќе со години е зад нас, па апликациите и многу други опции кои што беа достапни само на iOS оперативниот систем веќе се навистина голема реткост.

Една од опциите по кои оперативниот систем на Apple се разликува е „хаптичката вибрација“ на виртуелната тастатура. Имено, iOS се уште ја нема, додека тоа е стандард кај сите телефони кои што работат на Android оперативниот систем.

Тоа наскоро ќе се промени благодарение на надградбата за апликацијата “Gboard” која ќе додаде мало вибрирање секогаш кога ќе ја допрете тастатурата.

Ова досега не беше достапно на тастатурите за iOS на основните поставки, додека кај повеќето апликации кои што ја нудеа, како на пример “Swiftkey”, од изданието iOS 8 имаше доста ограничувања.

Како што пренесува “Popular Mechanics”, новото издание на “Gboard” ќе нуди вибрација за iPhone од 7 па се до најновите модели на паметниот телефон на Apple.