iPhone 12 ќе „позајми“ луксузна функција од Huawei P20 Pro?

iPhone 12 ќе „позајми“ луксузна функција од Huawei P20 Pro?

Според информациите од тајвански „Economic Daily News“, „iPhone 12“  ќе има трет објектив кој би требало да ги подобри перформансите на веќе импресивните камери.

Нормално, со оглед дека април, не постојат многу докази кои можат тоа да го потврдат.

Веста е заснована на информации добиени по анализа на синџир за опремување со делови, но тоа е се засега.

Извештајот истакнува дека новиот „iPhone“ ќе има објективи со шест елементи, оптичка стабилизација и петкратен зум.

Ваквата вест многу бргу би завршила во „ѓубре“ ако на пазарот веќе не постоеше одличниот „Huawei 20 Pro“ чија камера секој ден собира се повеќе пофалби од рецезентите и корисниците.

Смартфонот на „Huawei“, потсетуваме, е опремен со три објективи, главен со 40 мегапиксели, помал кој има послаб сензор од 20 мегапиксели и трет кој служи за трикратен оптички зум и има чувствителност од 8 мегапиксели.

Покрај вештачката интелегенција, овие камери произведуваат одлични слики, дури и во услови на послаба видливост.

Прашањето е, дали „Apple“ оваа технологија ќе ја прифати со задоволство, или како и во сите досеегашни случаи, ќе ја прескокне.

Производителот на „iPhone“ многу често чека со додавање функции во своите уреди, со што заработи голем број навредливи коментари од конкуренцијата, која, како што обично станува збор, настојува да конкурира со необични технолошки решенија.