Интер ставен на продажба!

Интер ставен на продажба!

Интер наскоро би можел повторно да го промени споственикот.

Преговорите на „Сунинг“ за продажба на акциите на клубот на англискиот фонд БЦ Партнерс веќе се во тек, а кинеската компонента треба да задржи 31% од акциите.

Инаку, „Сунинг“ го купи Интер во 2016 година од Ерик Тохир и вложи значителни суми во составување силен тим и доведување на тренерот Антонио Конте.

Клубот минатата сезона играше финале во Лигата на Европа, а оваа година беше последен во групата од Лигата на шампионите. Во Серија А во моментов се наоѓаат на второто место со три бода помалку од лидерот и градски ривал Милан.