Инстаграм жртва на хакери

Овој пат причината е проблем во еден од софтверските пакети на Instagram, кој може да се користи од страна на програмерите и креатори на апликации.

Поради него еден или неколку хакери успеале да земат телефонски броеви и e-mail адресите на неодреден број на корисници со хакирани профили на Instagram.

Компанијата вели дека проблемот е откриен и отстранет. Таа додава дека другите податоци на корисниците, вклучувајќи лозинки им се заштитени и не биле земени од хакери.

Компанијата коментира уште дека спроведува внатрешна истрага. Останува нејасно дали овие дејствија на хакерите имаат нешто заедничко со хакнатиот профил на Селена Гомез пред неколку дена.

Популарните профили и познатите личности во Instagram често стануваат предмет на хакерски напади. Обично хакерите избираат конкретни профили, но во случајов изгледа дека сакале да соберат што е можно повеќе податоци. По се изгледа дека обичните профили на корисниците не биле погодени од проблемот.