Instagram vs. Реалност

Instagram vs. Реалност

Колку пати сме пробале и ние да направиме совршена фотографија, но ретко успеваме во тоа ?

Совршените фотографии од згодни девојки на Instagram се причина за намалена самодоверба, бидејќи наметнуваат нереални стандарди за убавина. Но, тие беспрекорни фотографии речиси секогаш ја маскираат реалноста. Холанѓанка покажува каква е вистината зад идеалните Instagram фотографии. Имре Чечен од Амстердам визуелно покажува колку се променува формата на телото со позирање, Фотошоп или правилно осветлување. Непосредно пред летото, таа сподели фотографии кои покажуваат каква е вистината зад фотографиите со претенки нозе нарекувани и „виршли нозе“. „Изгубивме допир со реалноста затоа што на интернет гледаме само виршли нозе“ – пишува таа.

Магијата на Фотошоп Целулитот исчезнува, задникот станува балонест, а половината се смалува за само неколку минути благодарение на Фотошоп.