Индонезија ги забрани песните на Гранде, Ширан и Бруно Марс поради блуд и неморал

Индонезија ги забрани песните на Гранде, Ширан и Бруно Марс поради блуд и неморал

Индонезиските власти во областа Западна Јава издадоа листа на песни кои ќе бидат забранети „поради порнографски содржини и непристојност“, се наведува во објаснувањето Радиодифузната агенција на Западна Јава.

Листата содржи 85 песни, вклучувајќи ги и „Shape of You” на Ед Ширан, „Love Me Harder“ на Аријана Гранде и „That’s What I Like“ на Бруно Марс. Емитувањето на овие песни е дозволено само во периодот од 22 до три часот.

„Всушност, не би рекол дека се забранети песни, туку стихови кои содржат порнографија и блуд“, изјави Рахмат Арфин, претседател на Радиодифузната агенција на Западна Јава.