Импозантна вила во Лос Анџелес со ексклузивен поглед на градот

Импозантна вила во Лос Анџелес со ексклузивен поглед на градот

“Sunset Strip Residence”, од дизајнерското студио “Mcclean Design Architects” е импозантна резиденција која ја сочинуваат три дела: луксузна вила, стаклена гаража и гостинска куќа.

Според дизајнерскиот тим, пристапот до куќата е означен со пространа порта и куќа за чувари.

Гаражата се наоѓа на место кое нуди спектакуларна глетка на кањоните во околината, а сите три градби се поврзани со воден пат кој води до базенот и спа центарот.

Главната куќа ја сочинуваат три отворени страни кои нудат ексклузивен поглед и значајни уметнички дела на главниот ѕид, а друштвеното јадро на куќата е големата дневна соба.