Имате постојано желба да јадете БРЗА ХРАНА и СЛАТКИ ? Постои начин како да се борите против тоа!

Имате постојано желба да јадете БРЗА ХРАНА и СЛАТКИ ? Постои начин како да се борите против тоа!

Примарно, мора да знаеме што точно е таа ненадејна желба за храна – “food cravings” и што ја предизвикува.  Таа силна желба за храна е интензивна и ургентна и причини за тоа може да бидат – дехидратацијата (дехидратацијата некогаш се манифестира како глад), хормонални варијации, емотивни моменти, дефицит на макро и микронутриенти или едноставно сте зависни од нездрава храна!

Сите сме биле таму – сте имале долг ден во канцеларијата и надвор силно врне дожд. Доаѓате дома и последната работа што сакате да јадете е салата со марула. Не се срамете од ова, сите имаме повремено желба за нездрава храна; важно е како се справуваме со тоа.

Најпрво, да дознаеме што содржи оваа храна што толку не привлекува да ја јадеме и кои алтернативи можеме да ги одбереме.

ЖЕЛБА ЗА ЧОКОЛАДО

Потенцијално најзависната храна која ја има на пазарот поради фактот што содржи триптофан, амино киселина која е прекусор на хормонот серотонин. Серотонинот е неуротрансмитер кој го регулира нашето расположение – покачувањето на нивоата на овој хормон може да предизвика еуфорично чувство; ова објаснува зашто чоколадото може да предизвика зависност.

Како и да е, желбата за ваквиот вид на храна може да биде победена со храна која содржи висока содржина на магнезиум:

  • Јаткасти плодови и семиња
  • Зеленчуци како што е марулата, зелката, брокулата, карфиолот
  • Сите видови на риба
  • Црно чоколадо – алтернатива за обичното чоколадо кое е побогато и полесно ја заситува желбата за таква храна

Иако овие видови на храна тешко може да се споредат со вашето омилено чоколадо, дајте им шанса и ќе бидете изненадени како вашата потреба за слатките производи ќе се намали.

ЖЕЛБА ЗА ПРОИЗВОДИТЕ КОИ СОДРЖАТ ШЕЌЕР

Следно на листата се вашите омилени вафли, благото кое го јадете додека учите и кога сте во кино…

Слично како со чоколадото, за да се намали желбата за ваква храна треба да се конзумира храна која содржи триптофан (како што е напоменато погоре). Триптофанот е прекусор на серотонитот (хормонот од кој се осеќаме добро), и токму од таа причина се осеќаме среќно кога ќе јадеме благо, пред да имаме нагол пад на инсулинот поради тоа што претходно бил на многу високи нивоа во крвта.

Некои видови на храна кои содржат триптофан се:

  • Млечните производи – млеко, јогурт, сирење
  • Кикирики и бадеми
  • Црвеното месо и производи со пилешко месо
  • Различни видови на риба
  • Јајца

ЖЕЛБА ЗА ЈАГЛЕНОХИДРАТИ

Иако е од голема важност да внесуваме јагленохидрати од квалитетни извори на храна, како и се друго, и тие не треба да бидат конзумирани во големи количини.

За да ја намалиме нашата потреба од храна како што е паста, леб, ориз и слично, треба да конзумираме храна која содржи азот, т.е храна која е богата со протеини:

  • Месо (црвено месо и пилешко)
  • Рибата богата со здрави масти, како што е лососот
  • Јатките
  • Зрнестите зеленчуци

ЖЕЛБА ЗА СОЛЕНА ХРАНА

Со цел да се превенира конзумирање на солената храна, треба да бараме храна која е богата со хлорид и силикон (може да се најде во храната која не е преработена/непроцесирана).

Храна која содржи хлорид:

  • Козјо млеко
  • Рибата која содржи масти, т.е лососот

Храна која содржи силикон:

  • Јаткастите плодови и семињата
  • Овошјата и зеленчуците, како што е јаболкото, портокалот, крставицата, спанаќот, доматот

ВАЖНА ПОРАКА 

На страна од се – постои и умствена алатка која може да ја примениме при борбата со желбата за конзумирање на нездрава храна – размислете за долготрајните цели.

Зашто почнавте да тренирате ?

Дали е тоа поради телото кое го посакувате ? Дали го имате сега ?

Сите знаеме дека еден нездрав оброк, нема да не направи дебели исто како што и еден добар оброк нема да ни го даде телото кое го посакуваме; исто така така знаеме каква зависност може сето тоа да создаде!