Има нога долга 101 см

Има нога долга 101 см

Швеѓанката Ула Остерген може да се пофали со нозе долги 101,6 см, успешна кариера како модел и боди билдинг. Благодарение на необичниот изглед, има и голем број следбеници на Instagram.

Фокусот е ставен на премногу долгите нозе, каде што многу  дами и завидуваат, но и добро изграденото тело, поради што од мажите ги добива најубавите комплименти.

Иако претставува пример за совршен изглед, Ула Остерген во интервју за Спутник рече дека нејзиниот живот се промени многу, бидејќи во детството доживувала малтретирање од врсниците кои се исмејувале на нејзиниот изглед.

Во 2013 година, таа почна редовно да се занимава со спорт, па нејзиното тело по тоа одлично изгледано. На тренинзите се запознала со нејзиниот сегашен сопруг Торбјорн Остерген, со кого има две деца.

Двајцата одат заедно на тренинг и се многу внимателни во врска со исхраната. Таа вели дека мора да јаде 2,2 килограми месо секој ден, со цел да ја одржи својата мускулна маса.