Илон Маск стана најбогат човек на светот

Илон Маск стана најбогат човек на светот

49-годишниот извршен директор на Tesla и SpaceX стана најбогат човек на планетата.

Неговото богатство достигна 194,8 милијади долари. Тоа е за 9,5 милијади долари повеќе од богатството на Безос, кој е основач на Amazon. Маск најмногу се збогати во изминатите 12 месеци. Неговото богатство порасна за 150 милијарди долари откако акциите на Tesla скокнаа за 743% во 2020 година. Компанијата за производство на електрични автомобили во моментов чини повеќе од Toyota, Volkswagen, Hyundai, GM и Ford заедно. Само во 2020 година, Tesla произведе и продаде половина милион автомобили.