Илија Несторовски го сакаат во елитата

Илија Несторовски го сакаат во елитата

По заминувањето на Синиша Михајловиќ од Торино, клубот го назначи искусниот работник, Валтер Мацари, за нов тренер на биковите.

Тој по превземањето на клубот ги дал своите предлози за трансфери оваа зима, но и анализи за тоа кој ќе го донесат на лето, ако и тој издржи на клупата на Торино.

Мацари е донесен како принудно решение до лето, па ако ги задоволи апетитите и вкусовите на Торино, тој во јуни ќе потпише долготраен договор.

Италијанските медиуми денеска пренесуваат дека по вкус на Мацари бил и нашиот Илија Несторовски, кој со својот Палермо се водечка сила во Серија Б и на добар пат да се вратат меѓу елитата.

Палермо е лидер на табелата во Серија Б, со 39 бодови, +2 во однос на второпласираниот Фросиноне со 37.

Целта на Палермо и нивниот претседател е да го задржат Несторовски заедно со Александар Трајковски и следното лето кога евентуално би влегле повторно во Серија А, но доколку дојде вистинска понуда од Торино, никој не гарантира дека и идната сезона Нестор-гол ќе биде дел од Сицилијанците.