Ил Феномено признал што му се случило вечерта пред финалето со Франција!

Ил Феномено признал што му се случило вечерта пред финалето со Франција!

Роналдо Луис Назарио да Лима, познат како Ил Феномено е еден од најголемите напаѓачи кои некогаш сме ги гледале и кога зборуваме за него, не зборуваме само за трофеи, туку и за начинот на кој забивал, дриблал, трчал и уживал во играта.

Во историјата на фудбалот имало многу играчи чија колекција на трофеи е побогата од неговата, кои можеби оставиле подлабок траг бидејќи подолго траеле, но Ил Феномено бил пресвртница, фудбалер кој бил симбол на преминот од романтичните деведесетти во легионарскиот фудбал кој го сведочиме денес.

Фудбалот во меѓувреме многу се променил. Статистиката и бројките станале поважни од впечатокот, а некогаш не било така. Роналдо, оној вистинскиот Роналдо, бил херој на таа ера, епохата кога гледавме фудбал и уживавме исклучиво во играта и потезите, а не ги броевме предасистенциите, процентот на точни и неточни додавања, и од фудбалот не правевме наука која тоа не е.

Исто како и Ајакс на Ван Гал, Роналдо го претставувал можеби и последниот симбол на романтичен фудбал пред да стане заложник на глобалните корпорации, телевизиски куќи, селфија на навивачите и Инстаграм фудбалерите, богатите тајкуни и сето тоа што настанало одбивно по “случајот Босман”, што многу љубители на најважната споредна работа на светот ги прави носталгични за времето кога тоа не било така.

Со неполни 18 години, како еден од најголемите светски таленти на Светското првенство во САД во 1994. година, го водел бразилскиот изборник Карлос Алберто Пареира. Иако целата државата го молела Пареира во оган да го турне новиот Пеле, а дури мајката на изборникот се вклучила во масовната кампања да му се даде шанса на Роналдо, бразилскиот тренер бил непопустлив. Со детето имал други планови. Бразил до четвртата титула го воделе Ромарио и Бебето, а младиот Роналдо тоа го гледал од клупата. Додека со златниот медал околу вратот и пехарот во раце трчал на стадионот “Rose Bowl”, во него немало лутење и љубомора. Светот го чекал новиот Пеле, а тој бил подготвен да скокне во Кралските копачки.

Меѓу Мундијалот во САД и оној кој Роналдо го чекал го чекал во Франција, минале четири години. Во меѓувреме, бразилскиот принц израснал во вистински крал, бидејќи тие неколку години кои ги одиграл, најпрво во ПСВ, потоа во Барселона, а потоа и Интер, биле нешто невидено. За нас, кои немавме шанса да ги гледаме оние најголемите – Пеле, Кројф, Ди Стефано, а за Марадона сме биле премногу мали – Роналдо беше херојот.

А тогаш дојде летото 1998. година. Бразил во Франција дошол со репутација на прв фаворит, бидејќи изборникот Загало и екипата, покрај одличните поединци, имале и еден гениј. Ил Феномено, тогаш не сметал дека во кариерата веќе има наслов на светски првак. Технички, својот медал го добил, но тој Мундијал не бил негов. Златото го освоиле некои други играчи, а тој сакал свој наслов. Турнирот во Франција бил можност Кралот да добие своја круна.

Бразил веќе по првите две кола во групната фаза обезбедил настап во осмина финалето. На крилата на Роналдо во осмина финалето тешко настрадала Данска со 3-2. Во полуфиналето Роналдо и Бразил ги чекала фантастичната Холандија. Ајакс на Ван Гал постар за три години и засилен од Дениз Бергкамп. Тоа било убавицата на турнирот. Бразил повел со голот на Роналдо, а израмнил Клајверт три минути пред крајот. На пенали победил Бразил. Во финалето Бразил го чекал подобриот од Франција и Хрватска.

Тој натпревар го добила Франција, па Бразил финалето го играл со домаќинот на турнирот.

Тоа што се случувало во бразилскиот табор ноќ пред натпреварот ќе остане запишано во митологијата на фудбалот како најголема мистерија на светските фудбалски првенства. Поголема од фантомскиот гол на Хурст во финалето во 1966. година против Германија и почудна од поразот на Бразил од Уругвај во 1950. година.

Никој не знаел што точно се случило се додека овие денови Роналдо не ја раскажал својата приказна и на некој начин фрлил мало светло на најголемата тајна во историјата на Мундијалите.

“Се беше во ред за време на ручекот. Отидов во соба малку да се одморам, а потоа почувствував нешто што не сум почувствувал никогаш во животот. Се разбудив и ми беше ужасно лошо. Ги отворив очите и видов неколку соиграчи докторот Толедо. Никој не сакаше да ми каже што се случило”, вели Роналдо.

Постоела дури и верзија дека умрел, дека бил клинички мртов, па дека сепак успеале да го вратат во живот. “Знам само дека барав да заминат и да ме пуштат да спијам, не ми беше добро. Кога малку дојдов на себе, се симнав во хотелското предворје и го видов Леонардо кој ми кажа дека лекарите одлучиле да не играм во финалето.” Сепак, се појавил на теренот.

“Сите тестови покажуваа дека не ми е ништо, дека ништо не се случило. Но, Загало не ни помислуваше да ме стави во екипата. Пред почетокот на натпреварот му кажав дека морам да играм, дека сум добро. Немаше избор и ме послуша. Играв, а се тоа што му се случуваше веројатно влијаеше на екипата и затоа игравме како што игравме”, вели Роналдо.