Икарди се враќа во првиот тим на Интер

Икарди се враќа во првиот тим на Интер

По едномесечно отсуство, наводно поради повреда, Мауро Икарди ќе се врати во тимот на Интер по репрезентативната пауза.

Италијанските медиуми објавија дека тој се сретнал со претседателот Стивен Жанг, му ја изнел својата страна од приказната и се пожалил дека е беспотребно понижен со одземањето на капитенската лента бидејќи откако е во Интер пропуштил само 2% од тренинзите. Жанг го прифатил тоа и порачал дека ќе биде вратен во тимот, но клубот и Спалети го задржуваат правото за негов настап. Тренерот во моментов смета на Лаутаро Мартинес кој се наоѓа во одлична форма и Икарди најверојатно ќе биде резерва во следниот период.

Освен тоа Икарди треба да се сретне со Перишиќ со кого не е во добри односи бидејќи нивната хармонија е витална за резултатите на тимот.