Икарди останува во Интер!

Икарди останува во Интер!

Икарди беше најдобриот стрелец на Интер минатата сезона и еден од најзаслужните фудбалери во екипата на Спалети за пласманот во Лигата на шампионите.

Неодамна се појавија гласини дека Икарди би можел да го напушти миланскиот клуб, но деновиве се огласи директорот на Интер, Алесандро Антонело кој што порача дека нема никакви причини за загриженост.

„Нема причини за загриженост. Тој е наш играч и наш капитен. Во следните неколку седмици ќе седнеме да разговараме за нов договор“, изјави Антонело и додаде:

„Финансиски фер-плеј? Постои оптимизам, фокусирани сме на оваа цел која што мораме да ја постигнеме до 30-ти јуни. Работиме во тој правец, мислам дека ќе успееме“, изјави Антонело.