Икарди го спаси Интер од пораз

Икарди го спаси Интер од пораз

Калчолигашите Интер и Наполи се изборија за бод на вечерашните пресметки против Барселона, односно Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Резултат со слика за ikardi

„Нероаѕурите“ беа во подредена улога во дуелот со шпанскиот шампион кој упати скоро 30 удари кон голот на Хандановиќ, но на крајот мораше само да се задоволи со резултат од 1-1. Нововлезениот Малком донесе водство за Барса на „Џузепе Меаца“ во 83 минута за да во 87 минута домашниот капитен Икарди најдобро се снајде во казнениот простор и донесе реми за Интер.

Во истата оваа Б група Тотенхем славеше над ПСВ со 2-1, па сега Барселона е прва со 10, Интер има 7, Тотенхем 4, додека ПСВ е последен со еден поен.

Дербито во Неапол меѓу Наполи и ПСЖ исто заврши со резултат 1-1. Бернат во последните мигови од првиот дел стрелаше за предност на „светците“ која траеше до 63 минута кога Инсиње од пенал погоди за бод.

Сега во оваа група Ц, Наполи има 6 бода исто како и Ливерпул, ПСЖ на своето конто има пет, додека Звезда четири поени.

На останатите дуели беа поставени следниве резултати:

Атлетико М-Борусија Д 2-0

Порто-Локомотив М 4-1

Шалке-Галатасарај 2-0