Игор Стефановски Иџе стигна до подиум на Имола

Игор Стефановски Иџе стигна до подиум на Имола

Игор Стефановски оваа сезона, поради многуте ограничувања во однос на влез во европските држави, се натпреварува во TCR првенството на Италија, наместо во TCR Европа и е единствениот странец на патеката.

Стефановски на неделната трка во еден момент стигна и до второто место, но потоа по кратко излетување од патеката падна на шеста позиција на средина на трката. Со одлично возење стигна до четвртото место, а казната од пет секунди за водечкиот Пелегрини значеше дека тој ќе напредува една позиција и ќе се искачи на победничкиот пиедестал на трката на Имола заедно со Салваторе Тавано и Дамијано Редуци како победник.

Сепак, дополнително по трката, поради дуелот во финишот од трката на Редуци со Тавано, стјуардите изрекоа казна за Редуци, па Тавано официјално е победник, а Стефановски се искачи едно место погоре на пиедесталот, второто место.

Ова се првите бодови за Стефановски во шампионатот на Италија, со оглед дека ги пропушти првите два викенда поради неможноста да добие дозвола за влез во Италија.