Идеалното поткровје дизајнирано за модерните мажи

Идеалното поткровје дизајнирано за модерните мажи

Традиционалната зграда во Монтреал, Канада, неодамна била претворена од пожарникарска станица во стамбена зграда.

Архитектот Манон Белангер го прифатил предизвикот да го реновира поткровјето, кое го носи името “Loft Vieux-Montréal” и да му даде модерен и оригинален допир.

Апартманот има одлична локација и тераса со неверојатен поглед на градот и пристаништето.

Внатре, поткровјето располага со отворен простор за дневна соба и трпезарија, а функционалните зони се визуелно поделени со дрвени столбови.