Ибрахимовиќ се договорил со раководството на Милан!?

Ибрахимовиќ се договорил со раководството на Милан!?

Златан Ибрахимовиќ според најавите од Италија од јануари повторно ќе биде член на италијански Милан.

Голгетерот во кариерата 2 години играше во Милан, притоа во 2011 година со росонерите стана и шампион на Италија.

Информациите се дека напаѓачот се договорил со раководството на Милан за плата од 2 милиони евра за следните 6 месеци. Во договорот има и опција за уште една сезона во тимот.

Ибрахимовиќ моментно е играч на Лос Анџелес Галакси во МЛС – Лигата. Тој во својата прва сезона во САД постигна 22 гола и имаше 10 асистенции.

Додека беше дел од Милан, во периодот од 2010 до 2012 година, тој на 85 натпревари постигна 56 голови.