Ибрахимовиќ официјално се враќа во Милан

Ибрахимовиќ официјално се враќа во Милан

Клубот потврди дека шведскиот напаѓач Милан Ибрахимовиќ официјално ќе биде претставен како (старо) ново засилување.

Ибра пред четири дена беше најавен како нов играч на Милан пред втората полусезона во Серија А, па по некое време шпекулирање кога ќе биде официјално претставен, стигна веста дека то ќе се случи в петок во 10 часот.

Официјалното претставување ќе се случи во клупските простории, а прес-конференцијата која со сигурност ќе привлече големо внимание, ќе се одржи во Casa Milan, каде се очекува да дојдат и многу навивачи на клубот кои се убедени дека славниот Ибра може да го препороди Милан и да ја врати славата на клубот од Сан Сиро.

Ибрахимовиќ рече дека се враќа во клуб кој многу го почитува и град кој го сака, а додаде и дека ќе се обиде да го смени текот на сезоната.

„Се враќам во клуб кој многу го почитувам и град кој го сакам. Заедно со моите соиграчи ќе се обидам да го сменам текот на сезоната и ќе направам сѐ за да успеам во тоа“, изјави во свој стил Ибрахимовиќ.

Популарниот Ибра го носеше дресот на Милан од 2010 до 2012 година и постигна 65 гола на 85 одиграни натпревари за „росонерите“.

Милан сега е на 11. место на табелата на италијанската Серија А. Освои 21 бод во 17 кола, а во последното коло доживеа катастрофа на гостувањето кај Аталанта, каде изгуби со 5:0.