Ибрахимовиќ очигледно има големи шанси да игра во Русија!

Ибрахимовиќ очигледно има големи шанси да игра во Русија!

Златан Ибрахимовиќ иако се пензионираше од националниот дрес, сепак даде изјава дека би можел да настапи на Светското првенство во Русија оваа година.

Напаѓачот на ЛА Галакси го напушти националниот тим на Шведска после Европското првенство во Франција во 2016-та година, но сега тој повторно изрази желба за враќање.

„Шансите да играм на Светското првенство се многу големи“, напиша Златан Ибрахимовиќ на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Златан Ибрахимовиќ е најдобриот стрелец во историјата на шведската репрезентација со 62 погодоци на 116 одиграни натпревари. Тој го носеше дресот на Шведска од 2001-ва до 2016-та година, а од 2010-та година до заминувањето во пензија беше и капитен.